Италијанскиот премиер Силвио Берлускони е обвинет за сквернавење, откако доби причест за време на погреб во Милано, пишуваат денеска весниците „Тајмс“ и „Дејли телеграф“
Според црковните правила Берлускони нема право на причест затоа што е разведен, без Ватикан да му го поништи првиот брак, и затоа што во моментов се разведува по втор пат, потсетуваат весниците.
За својата втора сопруга Берлускони се ожени со граѓанска церемонија затоа што Ватикан не му го поништи првиот брак.
На погребот на Рејмондо Вианело, ветеран на италијанските телевизиски шоу програми, Берлускони меѓутоа доби причест и камерите на италијанските телевизии го документираа овој момент.
Висок претставник на Ватикан-бискупот Рино Физикела, претседател на Папската академија за заштита на животот, напишал протестно писмо до ватиканскиот државен секретар кардиналот Тарчизио Бертоне и до кардиналот Анџело Банјаско, лидер на Конференцијата на италијански бискупи. Во писмото тој протестира против скандалот, предизвикан од премиерот.
Обвиненијата против Берлускони за сквернавење доаѓаат во моментот кога тој има проблеми со зачувување на единството на неговата владина коалиција.
Во последно време Џанфранко Фини, лидерот на Националната унија, кој се приклучи на коалицијата на премиерот „Народ на слободата“, бара неговата партија во парламентот да има посебна парламентарна група од оние на партијата на Берлускони.
Фини е претседател на Долниот дом на парламентот.
Тој има намера да создаде свое движење и не го одобрува се поголемото зближување на Берлускони со другиот коалициски партнер, евроскептичната и антиимиграциска Северна лига на Умберто Боси. Зближувањето се забележува по локалните избори од крајот на март, на кои десницата освои неколку области од левицата, токму благодарение на партијата на Боси.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град