Берлускони се чувствува како Мусолини

Италијанскиот премиер се послужил со цитат од Бенито Мусолини, кога на прес конференција во Париз се пожалил дека не ја поседува моќта која би требало да ја има еден шеф на Влада.

 |  Маја Савиќ  | 
Berlusakoni
Берлускони

BerlusakoniГоворејќи за кратењето на буџетот на средбата со новинарите по повод состанокот на Организацијата за економска соработка и развој, Берлускони признал дека има поголема контрола како бизнисмен со десетици илјади вработени. Се пожалил дека во денешната демократија тој е во служба на сите и секој може да го критикува, па дури и навреди.

Познат по шегите и неумесните коментари, овој пат премиерот се осмелил да го цитира Мусолини, за да го поткрепи своето тврдење за тоа дека моќта не е во рацете на владините лидери.

“Ќе цитирам фраза од личност која ја сметаат за диктатор, од големиот и моќен Бенито Мусолини. Во својот дневник неодамна го прочитав следново: ‘Велат дека имам моќ. Тоа не е вистина. Можеби членовите на мојата партија имаат моќ, но јас не сум сигурен. Сè што можам да сторам е да му кажам на мојот коњ да оди лево или десно. И морам да бидам задоволен со тоа’”, цитирал Силвио Берлускони.

Во 2003-та година, опонентите од левицата го критикуваа неговото интервју за британскиот магазин Спектатор, во кое изјави дека Мусолини е бенигна фигура која никогаш не убила некого.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top