Шефот на италијанската Влада Силвио Берлускони, со месеци вмешан во скандали со млади девојки, изјави дека никому не му должи извинување, па ниту на членовите на неговото семејство.
Шефот на италијанската Влада Силвио Берлускони, со месеци вмешан во скандали со млади девојки, изјави дека никому не му должи извинување, па ниту на членовите на неговото семејство.
Во врска со неодамнешното интервју на својата ќерка Барбара(25), Берлускони на вчерашната конференција за новинарите во Рим заклучил дека ќерката многу го сака.
„Мојата ќерка многу ме сака. Ми изрази почитување и љубов“, рече Берлускони.
„Во секој случај, нејзиниот татко нема за што да си приговара во врска со приватниот живот. Никому за ништо не треба да му се извинува, ниту на членовите на семејството“, рече италијанскиот премиер, говорејќи за себе во трето лице.
„Шефот на Владата не крие трупови во гардероберот, никој не може да го уценува и никој и ништо не може да го деморализира“, тврди Берлускони, алудирајќи на аферата со млада жена за ескорт придружба, која со мобилен телефон ја фотографирала внатрешноста на неговата резиденција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град