Г-дине Берлускони, не се сите жени проститутки!

Италијанките потпишаа „онлајн“ петиција со која на премиерот Силвио Берлускони му порачаа дека сите жени во Италија не се проститутки или шоу-герли.

 |  Маја Савиќ  | 
berluskoni
Берлускони

berluskoniКампањата, која е со наслов „Баста“ што значи „доста“ ја започна преку интернет левичарскиот весник „Унита“ кој е близок до левиот центар.

Петицијата е потпишана од над 2.000 жени кои не сметаат дека е успех да ги посетуваат домовите на моќните мажи и од таму да излегуваат со толку пари колку што нормален човек заработува за седум месеци работа.

Оваа кампања е слична на минатогодишната, што ја започна весникот „Република“ кога Берлускони повторно се најде во центарот на вниманието поради секс скандал. Името на кампањата беше „Не сум ти на располагање“.

Седумдесет и четири годишниот премиер се соочува со голем јавен притисок бидејќи обвинителството во Милано покрена обвинение дека во своите вили имал секс со неколку проститутки, меѓу кои и 17-годишната Мароканка позната како Руби, која присуствувала на забавите во неговата вила одржани минатата година.

Појавувајќи се вчера на една од телевизиските станици на Берлускони, Руби ги отфрли обвиненијата, но призна дека италијанскиот премиер и помогнал финансиски со седум илјади евра. – Никогаш ме нема допрено, изјави таа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top