Белграѓанец го киднапирал и мачел љубовникот на својата сопруга

Белграѓанец, заедно со уште неколку свои пријатели, како на филм, го киднапирал љубовникот на својата сопруга, во саботата навечер.

 |   | 
kidnap
kidnap

policijaБелграѓанец, заедно со уште неколку свои пријатели, како на филм, го киднапирал љубовникот на својата сопруга, во саботата навечер.

Грабнувањето се случило на паркингот пред хипермаркетот “Метро“, во белградската населба Котеж, додека Драган Ј. разговарал со приватниот детектив Владимир С. (48). Додека двајцата стоеле одненадеж пред нив застанале два автомобила, од кои истрчале неколку момчиња. Грабнувачите ги ставиле своите жртви во багажниците од возилата и со голема брзина ги однеле во шума во непосредна близина на Котеж.

“Таму ги тепале и физички се изживувале врз нив. Откако буквално ги унаказиле од ќотек, момчињата во шумата го оставиле приватниот детектив, а неговиот муштерија повторно го вратиле во багажник и го одвезле во непознат правец. Вчера во белградската полиција се појавил Драган Ј., и на полицајците им рекол дека киднаперите го исфрлиле од автомобил. Тој побарал да даде изјава денеска бидејќи рекол оти не се чувствува добро“, пишува весникот “Ало“, изјава на неименуван полициски извор.

Според објавеното, причина за киднапирањето е забранета љубов. Весникот пишува дека првичните информации велат дека Драган Ј. бил грабнат оти бил во љубовна врска со жена, чиј сопруг бил меѓу киднаперите.

Детективот Владимир С., целиот случај им го раскажал на полицајците уште во саботата навечер, откако грабнувачите го оставиле кај шумата во близина на Котеж. Тој на полицајците им раскажал дека Драган и порано добивал закани поради забранетата љубов  како и предупредувања да ја остави жената, поради што и му се обратил на приватниот детектив за помош.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top