Белгискиот премиер е прв геј премиер во историјата на Европа

Белгискиот премиер Елио ди Рупо, првиот претседавач на владата на француски јазик во последните 30 години и прв геј премиер кој јавно го знаат во Европа, вети вчера дека ќе го подобри својот холандски јазик, зборуван од страна на мнозинството на фламанската заедница во Белгија.

 |   | 
Elio di Rupo
Elio di Rupo

Белгискиот премиер Елио ди Рупо, првиот претседавач на владата на француски јазик во последните 30 години и прв геј премиер кој јавно го знаат во Европа, вети вчера дека ќе го подобри својот холандски јазик, зборуван од страна на мнозинството на фламанската заедница во Белгија.
Elio di Rupo
Од друга страна, именувањето на Елио ди Рупо (60) за премиер на Белгија предизвика бурни реакции во јавноста, како и остри критики од страна на десницата.

Ди Рупо е прв деклариран хомосексуалец кој е на чело на некоја влада во Европа, десницата замерува на неговата сексуална определба, а има и поединци на кои им пречи неговото потекло, бидејќи Елио е син на италијански емигрант.

Инаку, неговата сексуална определба позната е на јавноста од 1995 кога беше обвинет дека имал сексуални односи со малолетници. Иако понатаму се докажало дека Елио немал никаква врска со обвинението, дека сето тоа било само скандал и медиумска афера, Ди Рупо јавно признал дека е хомосексуалец.

-Си пешачев сам на улица, а неколку луѓе позади извикуваа по мене како јас сум геј. Јас само се завртив и им вратив: „Да, сум. И сега што?“. Толку беа изненадени од мојот искрен одговор, што одеднаш завладеа тишина, рекол Ди Рупо.

Ди Ропо е едно од седум деца на сиромашен италијански емигрант кој во потрага за подобар живот се преселиле од малото место Сан Валентино.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top