Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја предупреди синоќа Турција да не носи одлуки кои можат да ја ограничуваат слободата на печатот.
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја предупреди синоќа Турција да не носи одлуки кои можат да ја ограничуваат слободата на печатот.
„Целосното почитување на слободата на печатот е важна вредност за сите нас во Европската унија, истакна Баросо на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Абдула Ѓул.
Претседателот на ЕК го упати тој коментар во одговор на новинарско прашање за глобата во износ од околу 500 милиони долари, која турските даночни власти и ја наложија неодамна на најголемата медиумска група во земјата „Доган“.
„Ние го почитуваме целосно суверенитетот по фискалните прашања, увери Баросо. Во исто време тој рече дека изразил загриженост пред Ѓул по повод секое решение кое може да го стави под знак прашање неопходниот плурализам на печатот и неговата целосна слобода.
Турскиот претседател е во Брисел во обид да ги забрза преговорите за присоединување на неговата земја кон ЕУ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град