Кандидатот на Демократската партија, Барак Обама е избран за нов претседател на САД.
Според се уште нецелосните изборни резултати, Обама досега освои 338 делегати во Изборниот колеџ или 68 повеќе од потребните 270 за да биде избран за претседател.
Главниот противкандидат на Обама, републиканецот Џон Меккејн освои 156 делегати.
Обама победи во главниот град Вашингтон, во Калифорнија, Њујорк, Пенсилванија, Охајо, Колорадо, Флорида, Вирџинија и во државите околу големите езера, долж тихоокеанскиот брег и североисточните делови на САД, додека Меккејн пак ја однесе победата во Тексас, Џорџија и во државите од американскиот југ и среден запад.
Американските медиуми оценуваат дека победата на Обама има големо историско значење, бидејќи тој е првиот претседател на САД со афроамериканско потекло, со што на одреден начин се затвора долгото и болно поглавје на расната поделба во земјата.
Во своето прво обраќање по победата пред околку 10.000 приврзаници во Чикаго, Обама изјави дека во „Америка дојде промената“ и дека изборите покажале оти американскиот сон е жив.
„Ни претстои долг пат. Искачувањето ќе биде тешко. Можеби нема да стигнеме до целта за една година, можеби ниту за еден мандат, но вечерва како никогаш досега сум убеден дека Америка ќе успее, потенцира Обама.
Тој нагласи дека ќе биде претседател на сите Американци, дури и на оние што не гласале за него.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град