Бара собарици, а се соочува со банкрот

Кралицата Елизабета е пред банкрот. Британските власти истакнале дека трошоците на кралицата мора да се намалат бидејќи во спротивно таа ќе банкротира.

 |  Голабовски Крсте  | 
Elizabeta II
Елизабета II

Кралицата Елизабета е пред банкрот. Британските власти истакнале дека трошоците на кралицата мора да се намалат бидејќи во спротивно таа ќе банкротира.

Одборот за јавни трошоци на британскиот парламент соопшти дека финансиската состојба на Кралицата Елизабета е многу тешка, затоа што резервите паднале на историски минимум на само милион фунти од 35 милиони колку што изнесувале во 2001 година.

Elizabeta i FilipЗа колапсот на “кралскиот буџет” парламентарците ги обвинуваат бројните кралски советници, на кои им препорачуваат конечно да започнат да ги слушаат советите од Министерството за финансии.

Во расправата беше истакнато дека кралските палати се во очајна состојба и дека е неопходнo преземање на итни мерки за санација на Бакингемската палата и Виндзор замокот.

Состојбата е до таа мера лоша, што персоналот поради прокиснување на кровот мора да поставува кофи, со цел да ги заштити бројните скапоцености и уметничките дела.

Констатирано е дека кралската фамилија во изминатите пет години ги намалила трошоците за само 5 проценти, додека истовремено буџетот на владата е намален за една третина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top