Австрија од понеделник воведува целосен карантин за сите граѓани

Само неколку дена откако ги стави во карантин невакцинираните, Австрија одлучи од понеделник да воведе целосен национален карантин поради ситуацијата со ковид-19.

 |   | 

Само неколку дена откако ги стави во карантин невакцинираните, Австрија одлучи од понеделник да воведе целосен национален карантин поради ситуацијата со ковид-19.

Канцеларот Александаер Шеленберг изјави дека карантинот ќе трае најмалку десет дена, а од 1 февруари 2022 година вакцинацијата ќе стане задолжителна за сите.

Австрискиот министер за европска и меѓународната соработка Михаел Линхарт, кој вчера беше во земјава, во интервју за МИА зборуваше за состојбата со пандемијата во неговата земја, како и за вакцинацијата.

Состојбата постојано се менува. Бројките на инфицирани граѓани во Австрија повторно одат нагоре и тука е вакцинацијата каде што ние сме во рамките на европскиот просек. Во моментот сметаме дека треба да ги охрабриме луѓето да се вакцинираат. Сега имаме мерки преку кои луѓето што не се вакцинирани ја немаат таа слобода како вакцинираните и увидовме дека тоа дава резултати во спремноста на луѓето да се вакцинираат – истакна Линхарт зборувајќи за мерките кои се однесуваа само на невакцинираните.

Австрија не е единствената која воведува построги рестрикции.

Премиерот на Словачка, Едуард Хегер, објави дека од понеделник ќе почне карантин за сите невакцинирани граѓани, а поголеми ограничувања за оваа категорија воведува и Чешка.

Лидерите во Германија, пак, се договорија да воведат рестрикции за невакцинираните во регионите каде што болниците се под притисок од напливот на пациенти, а тоа е во 12 од вкупно 16 сојузни покраини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top