Австралија е убава и глупава блондинка

Австралија е глупава блондинка, Кина е женет маж кој куца на една нога а Франција би била совршена доколку не беа Французите, заклучил британски експерт за брендови и советник на многу светски влади.

 |  Маја Савиќ  | 
kampanja
кампања за развој на туризам

kampanjaЗборувајќи во Сиднеј на конференција за меѓународно образование, Сајмон Анхалт изјавил дека светот гледа на Австралија како на глупава блондинка, атрактивна од надвор, но плитка и не интелигентна од внатре.

Како причина за еднодимензионалноста на континентот ја издвоил неуспешната промоција на сопствената култура, образование и индустрија. Според него, успехот на раскошните туристички реклами како 180-милионската “So where the bloody hell are you?”, резултирале со претставување на земјата како многу украсно, но не и корисно место.  

76% од анкетираните Австралијанци се согласиле со неговата анализа, но сиднејското радио 2UE гордо заклучило: “Барем блондинките повеќе се забавуваат”.

Коментирајќи го остатокот од светот, Анхалт кој е и уредник на магазинот Place Branding, рекол дека светот на Кина гледа како на женет маж кој куца на една нога а општиот став за Франција е дека земјата би била совршена, доколку не беа Французите. Неговото излагање се базирало на обемна студија, спроведена врз 26.000 лица од 26 земји.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top