Австралија размислува за повлекување на своите војници од Авганистан

Владата на Австралија размислува за повлекување на австралиските војници од Авганистан, најави денеска австралискиот министер за одбрана Џон Фокнер.

 |  Крсте Голабовски  | 
John Fokner
Џон Фокнер

Владата на Австралија размислува за повлекување на австралиските војници од Авганистан, најави денеска австралискиот министер за одбрана Џон Фокнер.

vojniciТој во изјава за радиото Еј-Би-Си рече дека побарал од експертите да проценат кој е најкусиот рок во кој Австралија ќе може „да го прекине својот исклулчитечно голем ангажман“ во Авганистан.
Во составот на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ) во Авганистан се наоѓа и контингент од 1.500 австралиски војници. Од нив 450 беа испратени како засилување за време на претседателските избори во Авганистан и треба да се вратат во Австралија на 7 ноември, за кога е закажен вториот изборен круг.
Најавите од Канбера за повлекување на својот контингент од Авганистан доаѓаат во време кога САД ги повикуваат своите сојузници да испратат дополнителни сили во оваа централноазиска држава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top