• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Свет
  • Американскиот Сенат денеска ќе гласа за планот на Буш за спасување на националната економија

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за планот на Буш за спасување на националната економија

Демократите и републиканците во Сенатот на американскиот Конгрес се договорија вечерва да се изјаснат во врска со планот на шефот на државата Џорџ Буш за помош на националната економија.

 |  Крсте Голабвоски  | 
Vols Stri
Vol Strit

Демократите и републиканците во Сенатот на американскиот Конгрес се договорија вечерва да се изјаснат во врска со планот на шефот на државата Џорџ Буш за помош на националната економија.

Американските берзи вчера забележаа најголем пораст во последните шест години поради очекувањето на вложувачите дека Конгресот сепак ќе го усвои 700 милијарди вредниот план на американската администрација за спас на домашните финансиски организации.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во понеделникот го отфрли планот на Буш, по што најважниот Дау џонс индекс на Волстрит, кој ги мери акциите на 30 индустриски најмоќни компании во САД, забележа досега најголемо опаѓање.

Буш вчера повторно апелираше до Конгресот да го усвои владиниот план за опоравување на финансискиот систем. Тој најави дека неговите советници ќе продолжат следната недела да разговараат со клучните пратеници во Конгресот, со цел да се реши моменталната криза која аналитичарите ја сметаат за најтешка од Големата депресија која почна во 1929 година.

Kapitol HilДемократскиот кандидат за претседател на САД, Барак Обама ги повика вчера членовите на Конгресот да се вратат на преговарачка маса, да работат на планот за финансиски спас и изнесе нов предлог за кој смета дека може да добие поддршка. Тој предложи да се зголеми лимитот на банкарските депозити кои ги гарантира федералната влада од сегачните 100.000 на 250.000 долари.

„Во овој момент, кога работните места, пензиските фондови и економската безбедност на сите Американци се загрозени, императивот и за демократите и за републиканците е сите заедно да се соочиме со кризата“, нагласи Обама.

Со предлогот на Обама се согласи и републиканскиот сенатор и претседателски кандидат Џон Мекејн.

„Исто така, Министерството за финансии може да откупи хипотеки во вредност од билион долари“, истакна Мекејн, додавајќи дека треба да се тргне напред кога станува збор за планот за помош на националната економија и дека Конгресот треба да го поддржи краткорочниот план кој може повторно да ја врати довербата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top