Американците ги трујат своите војници

Американските војници кои се враќаат од Ирак и Авганистан боледуваат од болести кои не се поврзани со ранување од куршум или експлозија на бомба. тие веруваат дека ги заразило нешто во воздухот.

 |  Maja Савиќ  | 
avganistan
авганистан

avganistanАмериканските војници кои се враќаат од Ирак и Авганистан боледуваат од болести кои не се поврзани со ранување од куршум или експлозија на бомба. тие веруваат дека ги заразило нешто во воздухот.

Американската војска од почетокот на војната во Авганистан и Ирак таму спалила тони и тони отпад. Но тоа не се обични депонии. Ги викаат горечки дупки. Тие се големи колку неколку фудбалски игралишта споени заедно. На тие посебни депонии спалуваат се, од пластика и батерии, компјутери, боја, па дури и делови од човечки тела. Сето тоа се фрла во дупките и се полива со гориво за млазни авиони.
Над американските бази  со денови лебдеел густ, загушувачки чад. Војниците се жалеле на смрдеата од тие потенцијално отровни облаци. Кога се враќаат дома, војниците сваќаат дека вистинската битка допрва почнува, на почетокот со болки во градите, гушење за потоа се да премине во рак. Стотици војници поднеле тужби против компанијата Келог Браун и Рут која војската ја задолжила за спалување на сметот.
Најголемата дупка за спалување се наоѓа покрај Багдад, во воздухопловната база Балад која е затворена минатата есен.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top