„Амазон” ја поддржува легализацијата на марихуаната

Американскиот дигитален гигант „Амазон” соопшти дека го поддржува нацрт-законот за легализација на канабисот на сојузно ниво и најави укинување на барањето за тестирање на марихуана за некои работни места.

 |   | 

-Тимот за јавна политика на интернетската трговија на „Амазон” активно ќе го поддржи законот со кој се бара легализација на марихуаната на сојузно ниво, изјави шефот на Одделот за потрошувачи, Дејв Кларк.

„Амазон”, истотака, веќе нема да ги тестира на марихуана своите кандидати за одредени позиции во компанијата.

Иако многу држави во САД ја легализираа употребата на марихуана, работодавците досега генерално одбиваа соработка со индустријата, бидејќи канабисот на сојузно ниво сеуште е класифицирана супстанца.

-Во минатото, како и многу работодавци, ние ги дисквалификувавме луѓето за работа во „Амазон” доколку имаа позитивен тест на марихуана. Меѓутоа, со оглед на тоа како се движат законите низ државите во САД, ние го сменивме правецот, рече Кларк.

Против „Амазон” е поднесена заедничка тужба во која се тврди дека компанијата го крши законот на Њујорк тестирајќи кандидати за вработување во локалните филијали за употреба на марихуана.

Компанијата на својата платформа не дозволува продажба на марихуана.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top