Албанскиот Парламент го разреши Илир Мета

Албанскиот Парламент го разреши претседателот на државата Илир Мета.

 |   | 

Албанскиот Парламент го разреши претседателот на државата Илир Мета со 104 гласа „за“, седум против и три воздржани, со образложение дека извршил сериозни прекршувања на Уставот. Претходно пратениците со ист број на гласови го изгласаа и извештајот на анкетната комисија за прекршување на уставните надлежности од страна на Мета.

Оваа одлука на Парламентот сега оди во Уставниот суд кој треба да се изјасни во рок од три месеци.

Теди Блуши – портпаролот на Мета, во реакција на Фејсбук напиша дека претседателот не е загрижен за „неуставната и смешна одлука на еднопартиската парламентарна депонија“.

„Претседателот на Републиката, Илир Мета е помотивиран од кога и да е да го заштити суверенитетот и интегритетот на Албанија од каков било обид на предавници, соработници и нивни тутори, кои со години работат против нашата земја, Албанците и националниот интерес“, напиша Блуши.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top