Албанската патна инфраструктура го зема данокот во крв

Неприлагодувањето на брзината на условите на патот претставува најчестата причина за растечкиот трагичен биланс на жртви по албанските патишта.

 |  Крсте Голабовски  | 
magistralen pat
магистрален пат

magistralen patСамо во изминатите два дена  регистрирани се десеттина сообраќајни несреќи, во кои животите ги загубија седум лица, а повеќемина се полесно или потешко повредени.
Во сообраќјна несреќа на патот Лежа-Скадар, синоќа загинаа две лица на возраст од 27 и 30 години, кои се враќале од свадба. Тие, при обид да претекнат неколку возила пред нив, со автомобил марка BMW со странски регистарски таблички, со голема брзина удриле во камион што доаѓал од спротивниот правец.

Во средата, на патниот правец Драч-Каваја, во судар на цистерна која превезувала вода и автомобил марка „Голф“, животите ги загубија три лица – 50-годишна жена, 21-годишно момче и 27-годишна девојка.
Претходно, при сообраќајна несреќа во близина на Фиер загинаа татко и син, на возраст од 48, односно 20 години.
Според полициската статистика, само во текот на месец јули билансот на жртвите од сообраќајните несреќи во Албаније е 48 загинати, што е за 17 повеќе споредено со истиот месец лани.
При овие несреќе се повредени стотина лица, а предизвикана е и голема материјална штета.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top