Албанија ќе инвестира 800 милиони евра во туризмот

Весниците во Тирана денеска пишуваат дека Албанија има намера да инвестира многу пари во туризмот, а тоа посебно се однесува на развојот на овој сектор на Охридското езеро.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pogradec
Поградец

Весниците во Тирана денеска пишуваат дека Албанија има намера да инвестира многу пари во туризмот, а тоа посебно се однесува на развојот на овој сектор на Охридското езеро.

PogradecВесникот „Шекули“ го цитира премиерот Сали Бериша, кој најави дека инвестиции од над 800 милиони евра ќе го претворат Поградец и албанскиот брег на Охридското езеро во забележителен туристички центар.

-Средствата ќе се суфинансираат и од Германија, наведе албанскиот премиер.

Туристичките објекти се вклучени во програмата „Еколошко зачувување на Охридското езеро“, објасни уште Бериша и додаде дека канализацискиот система на Поградец ќе се изградува според европски стандарди.
Германскиот амабасадор во Тирана изјави дека соработката со Албанија го покажува значењето што оваа држава го придодава како свој плус кон стабилноста на регионот.

-Желбата ни е ја видиме Албанија се поблиска до Европската унија, преку проширување на нејзината инфраструктура, изјави германскиот амбасадор во Тирана.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top