Терористичката мрежа „Ал Каеда“ ги повика муслиманите на света војна против кинеските „освојувачи“ одговорни за колежот на Ујгурите во покраина во западна Кина.
„Атеистите криминалци, долго време се користеа со зли и брутални средства против муслиманите во Туркистан“, рече Абу Јахја ал Либи, кој што понекогаш го претставуваат како командант на Ал Каеда во Авганистан.
„Илјадници муслимани се убиени, а за тоа никој не знае“, рече ал Либи во 20 – минутната порака посветена на Ујгурите во Кина.
Ујгурите, историски и јазично поврзани со туркофоните народи во централна Азија, се мнозинско население во западната кинеска покраина Ксинџијанг, која што исламистите ја нарекуваат Источен Туркистан.
Речиси 200 луѓе се убиени, а илјадници се ранети и уапсени во судирите на Ујгурите со мнозинскиот кинески народ Хан во немирите во јули, годинава.
„Муслиманите мора сериозно да се подготват за џихад (света војна) и оружјето да го вперат кон безобзирните освојувачи“, рече ал Либи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град