Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вчера изјави дека Израел се подготвува за војна против Иран, но оти се уште не е донесена конечната одлука за нејзиното отпочнување.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вчера изјави дека Израел се подготвува за војна против Иран, но оти се уште не е донесена конечната одлука за нејзиното отпочнување.
Тој наведе дека Израел ќе ја преземе воената акција на пролет или на лето. Но, Ахмадинеџад не откри од каде потекнуваат информациите дека Тел Авив се подготвува за војна.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од Москва го демантираше иранскиот претседател, додавајќи дека неговите тврдења се „манипулации“ поради можното воведување на дополнителни меѓународни санкции за Иран.
Израел, како и поголемиот број на западни земји, оценува дека иранската нуклеарна програма е насочена кон создавање на атомско оружје. Техеран тврди дека програмата има исклучиво мирнодопски цели. Израелски претставници во повеќе наврати изјавија дека се надеваат дека иранското нуклеарно прашање ќе се реши по дипломатски пат, но не ја исклучуваат и воената опција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град