Фокус-Елефтерос Типос 1:1. Војната меѓу германските и грчките весници, околу тоа кој е измамник а кој нацист, доби сосема нова димензија откако здруженијата на потрошувачи од Грција се заканија дека ќе ги бојкотираат сите германски производи во земјата.
Протестот е директно насочен против насловната страница на германскиот магазин “Фокус”, на кој под пораката “Измамници во Евро семејството” беше објавена слика од Венера со испружен среден прст.
“Бараме германската Влада да ја осуди оваа најнепристојна публикација. Грците не се измамници. Кога имаш вакви пријатели, што ќе ти се непријатели”, изјавил Јоргос Лакуритис, претседател на Грчкиот институт на потрошувачи.
Како дел од акцијата за бојкот на производите, здруженијата отпечатиле флаери кои ги делеле низ центарот на Атина. “Манипулирањето со статуа на грчката историја, убавина и цивилизација од времето кога Германците јаделе банани на дрво е непростливо и неприфатливо”, пишувало на нив.
За тоа колкави ќе бидат последиците од бојкотот, јасно говори фактот што во 2009-та година германските компании во Грција увезоа стока во вредност од 6,66 милијарди евра, што е 0,8% од целиот извоз на Германија.
Најмногу ќе страда автомобилска индустрија, бидејќи секоја година Грците трошат по 1,08 милијарди евра на германски коли и делови. Следна поголема оштетена група на извозници ќе бидат фармацевтските фирми, на кои продажбата во оваа земја членка на ЕУ им носи по 686,2 милиони евра.
И покрај тоа што германскиот амбасадор во Грција, Волфганг Шултајс веќе ја осуди насловната на “Фокус” и застана на страна на Грција, Лакуритис не е задоволен велејќи дека не е доволно само неговото извинување.
Коментирајќи го бојкотот, германски Билд потенцира дека ни Грците не се многу невини кога се во прашање навредите. Овој став го поткрепува со неколкуте скорешни нацистички референци.
Имено, во една прилика потпретседателот Теодорос Пангалос изјави дека нацистите ги украле грчките пари и никогаш не ги вратиле, додека премиерот Јоргос Папандреу упорно тврди дека Германија се уште не им исплатила отштета за злоделата од Втората Светска Војна.
“Но, сега лидерот се обидува да ја смири работата, велејќи му на Парламентот дека неговата земја засега нема да бара никакви надоместоци од Германија”, пишува Билд.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град