Африканско лето во мај

Во Прага, во саботата беше измерена највисоката температура во последниве 212 години, 27,7 степени.

 |  Голабовски Крсте  | 
senka
сенка

Во централна и источна Европа летото порано дојде, бидејќи во саботата во неколку делови од Германија, Австрија и Чешката Република беа измерени невообичаено високи температури. Неофицијално, метеоролозите предупредуваат на опасност од топење на снегот на планинските масиви и од лавини.

Температурите „се исклучително високи за април“, соопшти австрискиот хидрометеоролошки центар ЗАМГ, забележувајќи рекордни 32 Целзиусови степени во северниот регион на долна Австрија. Центарот наведе дека главна причина за летните температури што го зафатија регионот се силните јужни ветрови од африканската пустина Сахара.

англијаТемпературите што се движат околу 28 степен Целзиусов во Виена привлекоа голем број на луѓе на бреговите на Дунав, додека германскиот „Билд“ на насловната страница излезе со фотографија на берлинци како се сончаат на 30 степени. Во Прага на 28 април е измерена највисоката температура во последниве 212 години, 27,7 степени Целзиусови, додека невообичаено високи температури беа измерени и во Полска и во Словачка. Во Чешка најтопло беше во западниот дел, во градот Плзењ, каде се измерени 31 степени Целзиусови и каде досегашниот рекорд беше 26,6 степени и тоа во 2007 година.

Наспроти топлотните рекорди, на некои места во Чешка се’ уште е во тек скијачката сезона. На планинскиот венец Крконош има околу 138 см снег и во сила е втор степен на опасност од лавина.

Според метеоролозите топлото време ќе се задржи до крајот на неделата. Месецот мај ќе донесе дожд и мало заладување со температури до 25 степени.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top