Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска прифати предлог закон за финансирање на војните во Ирак и Авганистан, вреден 97 милијарди долари.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска прифати предлог закон за финансирање на војните во Ирак и Авганистан, вреден 97 милијарди долари.
Законот е прифатен со 368 гласа „за“ и 60 „против“. Законот не го прифатија 51 демократи, кои гласаа против предлогот на администрацијата на претседателот Барак Обама, а наспроти тоа го поддржаа сите републиканци.
Тие го поддржаа законот и покрај тоа што демократите додадоа дополнителни 12 милијарди долари расход на првичниот предлог на Обама, што предвидуваше 85 милијарди долари за финансирање на војните.
Со прифаќањето на законот, вкупните издвојувања, што Конгресот до сега ги одобри за војните во Ирак и Авганистан, ја преминуваат сумата од 900 милијарди долари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град