75 отсто од Американците се неписмени за војска

Истражувањето на „Education Trust“ покажа дека дури 75 отсто Американци, на возраст меѓу 17 и 24 години, не се способни за војска поради недостиг на ментална и физичка подготвеност, криминално досие и незавршено средно училиште.

 |  Маја Савиќ  | 
sad vojska
сад војска

sad vojskaРечиси четвртина од Американците, кои сакаат да пристапат во американската војска, не успеваат во тоа бидејќи не можат да го минат писмениот испит.

Истражувањето на „ Education Trust“ предизвика голема загриженост во САД, покажувајќи дека дури 23 отсто од младите луѓе немаат основно образование, што е потребно за пристапување во воените сили.

Американскиот министер за образование Арни Данкан вели дека податоците се загрижувачки.

-Заради лошиот американски систем на образование во опаснот е и нашата национална безбедност, изјави Данкан за американските медиуми.

Кандидатите паѓаат на тестови од математика, односно затоа што не знааат најдобро да читаат и пишуваат.

Податокот е особено загрижувачки кога ќе се земе во предвид дека станува збор за млади момчиња и девојки со завршено средно училиште, со оглед на фактот дека без средно образование не може да се стапи во редовите на војската.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top