Седумдесет години се навршуваат денеска од почетокот на Втората светска војна, на која претходеа редица судбоносни случувања, вклучувајќи вооружени конфликти во Европа, Африка и Азија.
Седумдесет години се навршуваат денеска од почетокот на Втората светска војна, на која претходеа редица судбоносни случувања, вклучувајќи вооружени конфликти во Европа, Африка и Азија.
Комеморативната церемонија по повод одбележувањето седум децении од почетокот на Војната ќе се одржи во полскиот град Гдањск, во присуство на голем број претседатели на држави и влади.
Присуството го потврдија претседателот на Русија Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, францускиот премиер Франсоа Фијон, како и премиерите на Шведска Холандија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија и на други држави.
По повод годишнината од почетокот на Втората светска војна, која однесе повеќе од 60 милиони животи, македонската Влада изрази „огромна почит кон сите жртви и кон борците од Народноослободителната војна кои застанаа на браникот на Татковината и со своето дело ги зацврстија темелите на слободна, независна и самостојна држава Република Македонија“.
.Европската фаза на Војната заврши со безусловна капитулација на Германија во мај 1945, а азиската, со капитулација на Јапонија на почетокот на август истата година. Неколку дена порано, САД фрлија атомски бомби врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки, што беше прва употреба на нуклеарно оружје во светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град