Над 600 лица, вешани во проституција со деца, се уапсени и 47 деца се спасени во операцијата спроведена во САД од страна на ФБИ.
Над 600 лица, вешани во проституција со деца, се уапсени и 47 деца се спасени во операцијата спроведена во САД од страна на ФБИ.
Бирото соопшти дека операцијата е извршена во 29 градови и оти во нејзини рамки се разбиени 12 големи мрежи за проституција, кои дејствувале преку казина, бироа за телефонски услуги и Интернет сајтови.
На прес-конференција во Вашингтон заменик-директорот на полициската централа Џон Пистол соопшти дека спасените 47 деца се на возраст од 13 до 17 години и сите со исклучок на едно се девојчиња.
По десет од нив е прогласена национална потрага.
Операцијата е дел од петгодишна работа која довела до спасувањето на 575 деца од сексуална експлоатација и разбивањето на 36 криминални мрежи од јуни 2003 година.
Проучување на Универзитетот во Пенсилванија предупредува дека околу 300 илјади деца во САД се изложени на ризик од сексуална експлоатација со цел печалба.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град