40 години од мисијата Аполо 11

Четириесет годишнина од историското прво човеково стапнување на Месечината, денеска се одбележува во Соединетите Американски Држави.

 |  Крсте Голабовски  | 
Apolo 11
Аполо 11

Четириесет годишнина од историското прво човеково стапнување на Месечината, денеска се одбележува во Соединетите Американски Држави.

Спуштањето на Месечината на американската астронаутска мисија Аполо 11 во живо преку телевизиски и радиски пренос го пратеа околу 600 милиони луѓе.

Apolo 11Тој 20 јули 1969 година во 16:18 часот по источноамериканско време, испрекинатиот глас на Нил Армстронг, астронаутот кој ја предводеше мисијата и објави на публиката на Земјата: „Хјустон, овде базата Мир. Игл слета“.

„Имровизирајќи и рачно управувајќи со лунарниот модел Игл, Армстронг го спушти во областа наречена „Море на мирот“, избегнувајќи мноштво карпи. Во последните секунди од спуштањето, компјутерот Игл огласи аларм, кој подоцна се покажа како погрешен, а кога леталото слета, остана гориво за само 30 секунди“, наведува американската вселенска агенција НАСА во пригодното обраќање на својата интернет станица.

Кратко потоа Армстронг стана првиот човек кој стапна на второто вселенско тело. Спуштајќи се по скалите од кабината, тој зачекори низ сивата прашина на Месечината, изговарајќи ја познатата реченица „Ова е мал чекор за човекот, но огромен за човештвото“.

Наскоро на Армстронг му се придружи астронаутот Едвин Баз Олдрин, опишувајќи ја површината на Месечината како „величенствена пустина“.

Армстронг и Олдрин два ипол часа ја истражуваа месечевата површина, собирајќи примероци и фотографирајќи. Тогаш тие го поставија и американсото знаме.

Двајцата астронаути потоа се спуштија во Тихиот океан на 24 јули, исполнувајќи го ветувањето дадено во 1962 на тогашниот американски претседател Џон Кенеди, дека до крајот на таа деценија човекот ќе стапне на Месечината.

Американските власти ја започнаа мисијата за стапнување на Месечината по стравувањата дека Русија ги надминала во тој поглед, откако во 1961 рускиот космонаут Јуриј Гагарин, стана првиот човек кој замина во Вселената.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top