30 000 Французинки ќе мора да ги извадат отровните силикони

Француските власти во текот на неделава ќе им наложат на сите жени кои вградиле импланти за зголемување на градите од фирмата Poly Implant Prosthesis (PIP) да ги отстранат затоа што предизвикуваат рак.

 |   | 
breast implants
breast implants

Француските власти во текот на неделава ќе им наложат на сите жени кои вградиле импланти за зголемување на градите од фирмата Poly Implant Prosthesis (PIP) да ги отстранат затоа што предизвикуваат рак.
breast implants
Британскиот „Гардијан“ објави дека скоро 30,000 жени во Франција и илјадници од другите земји, вклучувајќи ги Шпанија и Велика Британија, добиле лажни импланти од ефтин индустриски силикон кој е склон кон истекување и цепење. Mесто медицински силикон во имплантите на компанијата Poly Implant Prosthesis (PIP) е вграден силикон кој обично се користи за изработка на компјутерски делови.
Скоро 2000 жени поднело тужба против оваа компанија која во меѓувреме веќе е затворена а нејзините производи се повлечени.

implantОсум жени на кој им е вграден овој имплант добиле рак на дојка, а две веќе и починале. Поради тоа пред француското министерство за здравје се собрале жени во знак на протест, со тврдење дека државата не направила доволно за да ги заштити. Тие сметаат дека владата треба да им плати за отстранување на овие импланти. „Мака ни е веќе да не опишуваат како курви“, рекла една од жените кои вградиле силикон поради тоа што претходно и била отстранета дојката поради рак.

Индустријана на пластична хирургија во Франција е помеѓу најголемите во Европа. Помеѓу 400,000 и 500,000 французинки имаат вградено силикони, проценето е дека годишно се прават 21,000 операции од овој вид што претставува трет најпопуларен естетски зафат. Пред него се липосукцијата и „пеглањето“ на брчките.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top