3 000 знамиња во спомен на жтрвите од 9/11

САД денеска одбележуваат деветгодишнина од терористичките напади на Ал Каеда во Њујорк и Вашингтон, во кои на 11. септември 2001. година загинаа речиси 3.000 луѓе.

 |  Маја Савиќ  | 
znaminja
знамиња

Во спомен на жртвите ширум САД ќе се одржат повеќе комеморативни собири, со учество на повеќе видни политичари, а претседателот Барак Обама го прогласи 11. септември за Национален ден на сеќавање и служење на заедницата, па граѓаните се повикани да се вклучат во повеќе волонтерски акции.

znaminja

Претседателот Обама ќе ја одбележи годишнината на меморијална служба во Пентагон, каде што во 2008. година беше подигнат споменик на жртвите.

И по девет години од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година на Њујорк  и  Вашингтон, САД сè уште веруваат дека Ал-Каеда е главна закана по нивната безбедност.

Според најновиот  извештај за состојбата за безбедноста, изнесен на неодамна одржаната панел дискусија на која присуствувале голем број американски експерти, најголемиот дел на извештајот бил посветен на улогата на американските државјани поврзани со Ал-Каеда и со сродните терористички организации во светот.

Во извештајот стои и фактот дека во земјата се наоѓаат сè поголем број на терористи и припадници на милитантните исламистички организации кои не припаѓаат ниту на една етничка или верска заедница и не се вклопуваат во ниту еден познат социјален или економски профил, поради што е тешко да се лоцираат и откријат.

САД  како што наведуваат експертите, се соочени со раширена мрежа на потенцијални терористи способни за сите видови на напади, поставување на автомобилски бомби, симултани напади на бомбаши самоубијци, поединечни пресметки со огнено оружје или кражби на авиони, но нивните методи не се ни приближно софистицирани во споредба со нападот од 2001 година.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top