300 милиони неодобрени вакцини против ковид-19 порача Индија

Индија порача 300 милиони дози на неодобрени вакцини за коронавирус, со цел да ги ублажи последиците од вториот бран на пандемијата во земјата.

 |   | 

Неименуваната вакцина на индиската компанија Биолошки Е е во третата фаза на тестирање и покажа „ветувачки резултати“ во првите две фази на тестирање, наведува владата. Нарачката од 206 милиони долари е прва што Индија ја потпиша за вакцини кои не добиле одобрение за итни случаи. Во истовреме државата се бори да го забрза процесот на вакцинирање.

Индија досега има аплицирано повеќе од 220 милиони вакцини, иако повеќе од 1,4 милијарди луѓе сега ги исполнуваат условите за вакцина. Помалку од 10% од земјата примиле барем една доза на вакцина, главно поради сериозниот недостиг на вакцини.
Иако бројот на заразени со КОВИД 19 се намалува, Индија сè уште бележи околу 100.000 нови инфекции дневно. Досега се забележани повеќе од 340 000 смртни случаи, но експертите велат дека тие бројки не ја покажуваат реалната состојба. Индиската федерална влада, предводена од премиерот Нарендра Моди, беше критикувана дека не нарачала поголеми нарачки за вакцини ниту кај индиските ниту кај странските производители на вакцини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top