30 мртви во стампедо на верски празник во Индија

Во масовна паника на најголемиот празник на Хиндусите загинаа повеќе од 30 луѓе, а повредени се десетици. Паниката настанала на железничка станица во градот Алахабад.

 |  Голабовски Крсте  | 
alahabad
алахабад

Во масовна паника на најголемиот празник на Хиндусите загинаа повеќе од 30 луѓе, а повредени се десетици. Паниката настанала на железничка станица во градот Алахабад.

alahabadСпоред локалните власти, загинатите верници дојдени да „ги измијат гревовите“ на реката Ганг, биле прегазени од толпата. Полицијата соопшти дека десетици луѓе се повредени. Властите наведоа дека несреќата се случила откако попуштила оградата на еден мост за пешаци. Роднини на жртвите ги обвинија полицајците за настанатата паника. Според други пак, до пристигнување на екипите за спасување минале часови. Индискиот премиер Манмохан Синг изјави дека е „длабоко шокиран“ поради случувањата во Алахабад.

Педесет и пет дневниот хинду-празник Маха Комб Мела вчера (10.02) го достигна својот врв. До вечерта во градот Алахабад, инаку град од 1,2 милиони жители, се очекуваа околу 30 милиони аџии. Празникот се одбележува секои 12 години на местото кадешто се слеваат реката Ганг, Јамуна и речниот тек кој постои само во митологијата – Сарасвати. Организаторите до 10 март, кога празникот завршува, очекуваат околу 100 милиони луѓе кои сакаат да ги измијат гревовите на реката Ганг.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top