26 новинари убиени во првите два месеца од 2009 година

Вкупно 26 новинари се убиени при извршување на службените задачи во првите два месеца од оваа година.

 |  Крсте Голабовски  | 
novinari
новинари

Вкупно 26 новинари се убиени при извршување на службените задачи во првите два месеца од оваа година.

Лани во истиот период таа цифра беше 16, предупреди денеска организацијата за заштита на новинарите во зозни на конфликт или насилство Press Emblem Campaign.
Во јануари загинале 15 новинари додека во февруари загинале 11.

novinari zrtviНајмногу претставници на медиумите – по четворица, загинале во Газа (за време на израелската офанзива) и во Пакистан. По двајца се убиени во Сомалија, Русија, Мексико, Шри Ланка, Непал, Венецуела и Ирак. По еден новинар бил жртва во Кенија, Филипини, Мадагаскар и Колумбија.
Во 2008 година, според Организацијата, загинале вкупно 91 новинар.

Претседателката на Организацијата Хадејат Абдел Наби повика Советот на ОН за права на човекот на јунската сесија да организиран посебен форум посветен на заштитата на новинарите.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top