20 тони мртви харинги прекрија плажа во Норвешка

Локалното население на Нордеиса во северна Норвешка, останало збунето откако открило 20 тони на мртви риби на плажата Квенес.

 |   | 
ribi
ribi

Локалното население на Нордеиса во северна Норвешка, останало збунето откако открило 20 тони на мртви риби на плажата Квенес.
ribi
Илјадници мртви харинги ја прекриле плажата преку ноќта а причината за нивното насукување е непозната. Се претпоставува дека тие може да завршиле на плажата гонети од некој предатор или дека биле исфрлени на неа од бура.

Научниците спроведуваат тестови на рибите во надеж дека ќе ја утврдат причината за смртта, додека локалното население има поинакви грижи: како да ги исчистат 20 тони мртви животни пред да почнат да се распаѓаат.

За следбениците на теоријата на крајот на светот, рибите се вториот знак во два дена дека во 2012 ќе се оствари апокалипсата предвидена од старите Маји, откако стотици косови наводно паднале мртви во Арканзас.

{loadposition content9|

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top