16 лица загинаа во пожар во Русија

16 луѓе загинаа во денешната експлозија и пожар во фабрика за барут во регионот Рјазан во Русија, јавуваат локалните медиуми.

 |   | 

16 луѓе загинаа во денешната експлозија и пожар во фабрика за барут во регионот Рјазан во Русија, јавуваат локалните медиуми.

Причина за пожарот е веројатно „нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност“, велат од Министерството за вонредни ситуации.

Пожарот избувна во работилницата за производство на барут во фабриката Еластик плант. Според извори, како што пренесува БГНЕС, работилницата во која се случил инцидентот е во сопственост на компанија која произведува индустриски експлозиви и депонира муниција.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека првпат добило сигнал за пожар во фабриката во 08:22 часот по локално време. На местото на настанот биле испратени повеќе од 170 спасувачи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top