11 УЧЕНИЦИ СЕ УДАВИЈА ВО РЕКА ВО ИНДОНЕЗИЈА

Единаесет ученици се удавија, а десет се спасени за време на проект на училиштето за расчистување на река во индонезиската област Западна Јава. Локалните власти соопштија дека 150 ученици на возраст од 13 до 15 години од Исламското средно училиште учествувале во чистењето на коритото на реката Силиур, кога 21 од нив се лизнале во водата.

 |   | 

Времето беше убаво и немаше поплави. Децата кои се удавија се држеле за раце. Едно од нив се лизнало и ги повлекло другите – изјави шефот на спасувачката мисија Деден Ридвансија.

Според првичните сознанија, учениците не носеле појаси за спасување. Тие се обидувале да ја преминат реката, која е популарна за рафтинг, кога пропаднале во водата.

Луѓето кои живеат во близина и спасувачкиот тим успеале да спасат 10 средношколци, кои биле однесени во болница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top