100 години без геј парада

Во Москва во следните 100 година нема да се одржуваат геј-паради. Ова е одлуката на градскиот суд, со која се потврдува негативниот одговор на барањето на геј-активистите за одржување на парада.

 |   | 
gay
gay

Во Москва во следните 100 година нема да се одржуваат геј-паради. Ова е одлуката на градскиот суд, со која се потврдува негативниот одговор на барањето на геј-активистите за одржување на парада.

gay moscowЛГБТ активистите бараа дозвола за одржување на геј-парада во следните 100 години, односно активистите на движењето „Геј Русија“ бараа одобрување за одржување на 102 собири во следните 100 години на Плоштадот Балатанаја, каде се одржуваат и антирежимските протести.

Лидерот на движењето Николај Алексеев најави жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, истакнувајќи дека не ни очекувале да добијат дозвола, но оти сега имаат повод да се обратат до Стразбур.

ЛГБТ активистите минатите години се обидуваа да одржат неколку легални јавни собири во Москва, кои главно завршуваа со напади од страна на противниците на таквите манифестации и масовни приведувања, како што беше случајот на 27 мај. Организаторите тогаш добија дозвола за организирање на марш против сите облици на дискриминација под името „Марш на срцата во пламен“.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top