Алепо, надеж или масакр?

Источниот дел на Алепо стана крвава гробница за илјадници невини луѓе, вели Дејвид Милибанд од интернационалниот Комитет за спасување. Оваа трагична слика се појави откако десетици цивили беа убиени од сириските сили во она што Обединетите нации го опиша како „целосно разрушување и колапс на човештвото“, во време на последната битка за Алепо, пренесува „Новa Македонија“.

 |   | 

Источниот дел на Алепо стана крвава гробница за илјадници невини луѓе, вели Дејвид Милибанд од интернационалниот Комитет за спасување. Оваа трагична слика се појави откако десетици цивили беа убиени од сириските сили во она што Обединетите нации го опиша како „целосно разрушување и колапс на човештвото“, во време на последната битка за Алепо, пренесува „Новa Македонија“.

Жени и деца биле изгорени живи, а семејствата избираат самоубиство наместо спас. Канцеларија за човекови права на ОН соопшти дека добила извештаи во кои стои дека провладините сили убиле најмалку 82 луѓе, со цел да ја зајакнат својата контрола врз градот.

Руперт Колвил, портпарол на канцеларијата за човекови права на ОН, рече дека пред да се постогне договорот, илјадници цивили се криеле во „пеколни дупки“ големи само по неколку квадрати.
– Единаесет жени и 13 деца загинаа во четири различни населби доцна во понеделникот – изјави Колвил на прес-конференција, додавајќи дека можно е да има и многу повеќе жртви поради тоа што луѓе се убивани и на улиците, и во нивните домови.
Јенс Лерке, портпаролот на хуманитарните акции на ОН вели дека Алепо претставува тотален дека тоа изгледаше како „целосен колапс на човештвото“

УНИЦЕФ истакнува дека „повеќе од сто деца, кои се одделиле од нивните семејства, се заглавиле во една зграда, која е под тежок напад“ и повикува да се формираат докторски екипи во источниот дел.
Арапски медиуми објавија дека голем број цивили беле запалени од страна на силите на режимот, иако тоа не беше потврдено од страна на набљудувачите од центрите за хумани права во Алепо.

Не се јасни причините заради кои е забавена евакуацијата од реони во Алепо што се под контрола на бунтовниците, соопшти Сирискиот центар за човекови права. Според директорот на тој центар, првата група евакуирани требало да напушти во пет часот по локално време, но досега никој не излегол од тие делови на градот. Западните медиуми јавуваат дека ниту еден од автобустите за евакуација не влегол во источните делови на градот. Постојаниот руски претставник во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека сите воени дејствија во источно Алепо се прекинати и сириската влада вратила контрола над реоните што беа под команда на бунтовниците. Претставник на сириските бунтовници вели дека шиитските милиции кои го поддржуваат Дамаск го спречуваат евакуацијата на луѓе од источно Алепо, а на главниот пат од Алепо се паркирани 33 автобуси за евакуација на луѓе. Ваквата ненавременост и нејасност, додедува сириската војска да придонесе широки делови од населението да потпаднат под влијание на џихадистичката идеологија, уште повеќе што џихадистите се единствените кои во моментов можат да го обезбедат нивното преживување. Иако џихадистите во Сирија и во Ирак се толку ослабени, што мораа да ја напуштат идејата за нов Калифат, пишува Реувен Ерлих, раководител на Центарот за аналитика и терор во Центарот за специјални студии во израелскиот град Херцлија. Покрај ова, Обединтите нации соопштија денеска дека не учествуваат во плановите за евакуација на бунтовниците и цивилите од источно Алепо, но се подготвени да помогнат. – ОН се подготвени да го олеснат доброволното и безбедно евакуирање на ранетите, болните и граѓаните кои се во ризик од опколените делови на градот – се наведува во соопштението на Канцеларијата на ОН за координирање на хуманитарните прашања, информира „Нова Македонија“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top