Северна Кореја продолжува со ракетните проби

Северна Кореја истрела шест ракети од своето источно крајбрежје, соопшти Генералштабот на јужнокорејските вооружени сили.

 |  Крсте Голабовски  | 
raketa
ракета

Северна Кореја истрела шест ракети од своето источно крајбрежје, соопшти Генералштабот на јужнокорејските вооружени сили.

Според јужнокорејското Министерство за одбрана шесте ракети биле истрелани во период од осум часа.
Јужнокорејските воени власти сметаат дека ракетите се од типот „Скад“ и се со мал дострел од околу 500 километри.

logoСпоред информациите на јапонското Министерство за одбрана ракетите паднале во Јапонското Море, на неколку стотици километри источно од севернокорејската база до градот Восон, од каде што биле истрелани.

Јапонските медиуми, пак, објавија дека Северна Кореја лансирала најмалку една „Родонг“ ракета со мал дострел од 1.000 до 1.400 километри и може да го погоди било кој дел на Јужна Кореја и поголема територија на Јапонија.

Јужнокорејското Министерство за надворешни работи ги нарече овие пробни лансирања „провокативен акт“, кој прекршува повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН.
Во последните неколку месеци тензијата на Корејскиот полуостров многу се зголеми. Во април Северна Кореја истрела ракета со голем дострел, која прелета над Јапонскиот архипелаг, а во мај изврши втора нуклеарна проба. Советот за безбедност на ОН ги осуди ваквите дејствија на Пјонгјанг и воведе нови санкции против оваа земја. Како одговор на санкциите Северна Кореја се закани дека ќе го зголеми и усоврши својот нуклеарен арсенал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top