Започна реконструкцијата на затворениот пливачки базен во Струга

Проектот е на Агенцијата за спорт и млади а чини 30 мил денари. Директорот на агенцијата кој денеска во Струга присуствуваше на отпочнувањето на градежните зафати кажа дека очекува базенот да биде ставен во функција на крајот на наредната година. 

 |  Валентина Неловска  | 

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на затворениот пливачки базен во Струга. Реконструкцијата на базенот кој со години беше оставен на забот на времето, риуниран и запуштен, е еден од најголемите проекти кои што ќе ги има Агенцијата за млади и спорт во наредниот период, кажа директорот на Агенцијата Дарко Каевски . Целта е повторно да се врати сјајот на Струга со овој базен каде што сите љубители на спортот, на пливањето ќе може да се рекреираат и спортуваат, рече Каевски.

„Во разговор со многу луѓе инволвирани во спортот , во разговор со многу пливачи и граѓани на Општина Струга ни беше укажано дека базенот во Струга е еден од главните приоритети, односно неговата реконструкција и ставање во функција и нешто што ќе помогне Струга повторно да блесне во вистинскиот сјај.

Каевски им се заблагодарам на сите лица инволвирани во целиот процес околу проектот за реконструкција на базенот. Откри дека бил потребен подолг период да ја обезбедат целокупната потребна документација за да отпочнат со градежните зафати. И се заблагодари и на локалната самоуправа на Струга за активностите околу расчистувањето на базеноти пристапот до него за да може инвеститорот веднаш да почне со работа.

„Сметам дека со реконструкцијата на овој базен во Струга, стружани ќе добијат многу. Спортот ќе добие многу . Пред се ќе добијат пливачите и сите млади деца кои секако се наша најголема интенција да ги тргнеме од улиците , од сите негативни влијанија и пороци и да ги ставиме во спортските сали и секако базенот во Општина Струга. Со тоа верувам дека ќе се отворат и нови пливачки клубови во Струга и не само пливачки туку и ватерполо клубови кои и тоа како ќе дадат дополнителна вредност и на спортот и на градот Струга.

Проектот за реконструкција на затворениот базен во Струга чини 30 мил денари. Рокот за завршување на работите според договорот со изведувачот е почетокот на 2021ва година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top