Комунални услуги

Забранета за пиење водата од градскиот водовод во Струга

Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.
 |  Маја Савиќ  | 
Црн Дрим Струга

Водата од градскиот водовод во Струга е загадена и не треба да се користи за пиење и лична хигиена, соопшти јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“.

Како што е наведено во соопштението, загадувањето, настанало поради дефект во водоводната мрежа.

Ги молиме сите граѓани да не конзумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување. Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши проблемот – посочува ЈП „Водовод и канализација“ Струга.

Екипите на претпријатието, работат со голем интензитет, пуштени се хидрантите за чистење на водата и се врши хиперхлорирање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top