Врачени дипломите на матурантите од ПСУ Јахја Кемал.
Стреужанката Настасја Краљевска е дел од 58 матруранти од приватното средно училишет Јахја Кемал. Таа и нејзините школски другари ги добија завршните дипломи. Краљевска своето школување ќе го продолжи на Љубљанскиот универзитет на политички науки. Во иднина себе си се гледа како дипломиран комуниколог. Од четиригодишното школување во Јахја Кемал, вели дека ќе замине понатака во животот со богато искуство и стекнато знаење.
„Се чувствувам прекрасно како и сите 4 години поминати во ова училиште. Едно прекрасно едукативно искуство, пред се забавно за учениците. Во ниеден момент не почуствувавме како да сме под притисок, беше нагласена едукативната настава, но имавме и многу настани кои не зближија со учениците. Останавме другари, а се надеваме дека ќе останеме другари за цел живот“, подвлекува Краљевска.
Заменикот директор, професор Коста Хиохи, вели се збогуваме со една исклучително добра генерација.Тоа се ученици кои со своите постигнати успеси поставија високи стандарди за учениците кои допрва доаѓаат. Веруваме дека и тие како претходните наши генерации успешно ќе го продолжат понатака своето школување, верува професорот Хиохи.
„ Со оглед дека во училиштето постои служба која го контролира нивниот напредок во училиштето и е координатро кој всопоставува контакти со сите ученици кои биле во училиштето и го прати нивниот успех , ги насочува до саканите универзитети и им помага при уписите. Сигурен сум дека и ова генерација како и претходните се подготвени тоа да го покажат со постигнатиот успех и фактот што некои се запишани на еминентни домашни и странски универзитети“, вели проф. Хиохи.
Една генерација матуранти заминува, но доаѓаат уписите за нова генерација ученици во учебната 2015 /2016 година. Хиохи е задоволен од досега пријавените ученици и вели дека веќе се оформени две паралелки.
Додава дека во нивните редови се најдобрите ученици на генерациите од цела Југозападна Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град