Стружанчиња спасени во езерските води во вчерашното невреме

Стружанчиња спасени во езерските води во вчерашното невреме .

 |  Валентина Неловска  | 
pedlinki
pedlinki

Три малолетни деца се спасени од давење во вчерашното невреме кое е ја зафати Струга.   Стружанчињата пред хотел Дрим изнајмиле педалинка која подоцна ја зафатило силно невреме. Децата под налетот на силниот ветар ја загубиле контролата врз  педалинката која била носена кон  албанските територијални води.
pedalinki
„ Со патролен чамец езерската полиција изврши пребарување на езерскиот  квадрант каде се забележани трите  малолетници. Во педалинката  на оддалеченост на 1, 5 km  од езерскиот брег наспроти хотел Бисер. Во разговорот  со полициските службеници   трите малолетници  покажале вознемиреност  поради невозможноста  дa  ја управуваат  педалинката заради високите брановци поради високите бранови и силниот ветар“, изјави  портпаролот на  СВР, Стефан  Димоски.  

Пловниот објект  го забележал случаен очевидец од Калишта околу 16 часот. Веднаш го  пријавил пловниот објект  во езерската полиција која кратко време ги извлекла децата  од разбарануваните води. Исто времено регирал и изнајмувачот на педалинката.  Децата биле спасени  за кратко време но биле видно вознемирени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top