• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Струшките советници од Вмро и Алијансата бараат оставка од Мерко или одговорно вршење на функцијата

Струшките советници од Вмро и Алијансата бараат оставка од Мерко или одговорно вршење на функцијата

Порачаа дека не се согласуваат општината да ги врати ингеренциите од урбанизмот на државата и дека на тој начин Мерко бега од одговорност. Градоначалникот Мерко недостапен за медиумите по вчерашното писмо упатено до Владата во кое сам се саморазвласти од надлежностите во урбанизмот.

 |  Валентина Неловска  | 

Рамиз Мерко, струшкиот градоначалник, бега од одговорност и од проблемите кои сам ги создаде , вели Имет Имери советник од Алијансата за Албанците после писмото со кое Мерко се обрати до Владата.Ова доаѓа по информацијата дека струшкиот градоначалник се пожалил до владата дека бил мета на закани и притисоци па се саморазвласти од надлежностите во делот на урбанизмот. Односно, ги враќа ингеренциите од општината на централната власт. За ваквата постапка советникот Имери со порака до Мерко да си замине од функцијата или машки да ги реши проблемите до крај.

„ Мислам дека многу вети во кампањата што не може да го оствари.Со ова ситуација како да сака да се извлече од моменталната ситуација во општината “, вели Имери.

Советникот Ален Деребан, од Вмро Дпмне вели дека надлежнсотите се исклучиво на општината и не треба да се одземат.

„Доколку градоначалникот е неспособен да ги извршува обврските треба да си поднесе оставка. Која би била функцијата на градоначалникот доколку најбитните надлежности од урбанизмот ги отстапи на владата“, се прашува Деребан.

Струшкиот градоначалник остана недостапен за медиумите со коментар после вчерашното писмо адресирано до Владата. Досега, Мерко не се обратил ни до градскиот совет за да ги извести официјално советниците за неговите намери. Со законот за локална самоуправа не е предвидено делегираните надлежности општината да ги врати на централната власт, децидни се советниците Деребан и Имери.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top