Струшката „Порака Нова“ бара волонтери.
Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром невладината Порака Нова бара волонтери кои ќе работат со овие лица. Помагајќи им на лицата со Даунов синдром, придонесуваме за нивна поголема социјализација. Порака Нова ги отвара вратите за хуманите луѓе кои не ја вртат главата пред луѓето кои се различни од нив. На тимот може да им се приклучат сите оние кои се подготвени дел од своето слободно време да го поминат во работа со овие лица. На овој начин ќе внесат светлина и радост во животот на лицата со интелектуална попреченост.
Заинтересираните можат да се јават во НВО Порака Нова за да присуствуваат на обука на три работилници кои ќе им помогнат преку дружење и забава полесно да ги разберат потребите на овие лица.
Со тоа волонтерите ќе дадат свој придонес и кон семејствата. На обуките ќе научат факти за различниот спектар на пречки во интелектулната попреченост како што се аутизмот и Дауновиот синдром. Сите заинтересирани кои сакаат да бидат волонтери во Порака Нова може да испратат писмо на следнава е-маил адреса: poraka.struga@gmail.com или смс порака на тел: 071236840 каде ќе ги наведат личните податоци.
Порака Нова обуката за волонтери ја спроведува во пресрет на Меѓународниот ден на лица со Даунов синдром, 21 март.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град