Струшката фабрика „Екоферт“ единствена за производство на органско ѓубриво во земјава и Балканот.
„Екоферт“ е единствената струшка фабрика која во земјава произведува органско ѓубриво. Во фабриката се преработува и произведува нов производ на македонскиот пазар пелетрирано органско ѓубриво. Започнале скормно пред три години со преработка и пелетирање на органското ѓубре кое досега завршувало неискористено и при тоа ја загадувало животната средина. Во производниот процес на органското ѓубриво вклучиле експерти од повеќе области за да дојдат до домашен конкурентен производ.
„Долги години на искуство и релации и комуникации со професори , агрономи и технолози. Постигнавме ниво каде што имаме продукт кој ги има сите потребни микроелементи и микроорганзими, елементи и својства потребни за еден продукт кој помага за развој на растенијата“, информира Ајро.
Производите се санитарно исправни, пастеризирани и безбедни за околината. Со примена на производите на органските ѓубрива „Екоферт“ се добиваат извонредни ефекти во земјоделието и овоштарството. Органското, пелетирано и концентрирано ѓубриво овозможува подобрување на структурата на почвата како и правилен развој на растенијата. Со нивната примена почвата ја задржува влагата и температурата, а растенијата ги добиваат сите хранливи состојки. Директорот на Екоферт Арсим Ајро напоменува дека има доволни колични на суровина за преработка во природно органско ѓубриво.
„Суровината е добиена и е спремна. Има голема тонажа која чека да е се исчисти, подготви и преработи. Во Македонија има повеќе суровина од што има потреба. Има повеќе количини од што може да се преработат , “напоменува Ајро.
Ајро кажува дека макотрпно сите овие години го заокружувале прозиводниот процес за да дојдат до високо квалитетно ѓубриво кое е конкуретно на домашниот и странскиот пазар. Нивните идни планови се зголемено присуство на нивните производи на домашниот пазар но и за извоз. Засега пласираат количини во охридско-стушкиот регион, Битола, Тетово и Струмица, а извезуваат и помали количини во Бугарија, Косово и Албанија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град