Средношколците од Јахја Кемал прикажаа различни култури и цивилизации

Средношколците од Јахја Кемал прикажаа различни култури и цивилизации.

 |  Валентина Неловска  | 
jahja kemal

Раскошот на Староегипетската култура од времето на Клеопатра 7, воените вештини на Шаолините, цветните Дрогби, тиркизните Бербери беа  дел од богатата презенатција на фестивалот на култури и цивилизации. Средношколците од приватното средно училиште Јахја Кемал го одржаа Фестивалот на светски култури и цивилизации. Колеџот е мултикултурно училиште и од тие причини се негува културниот релативизам, нагласува професорката по социологија, Фросина Постолоска.

jahja kemal

„ Конкретно учениците од трета година самите ги изработија костимите, а ги истражуваа  и културите кои ги претставуваат и се прикажуваат пред родителите, пријателите од Струга и Охрид“, укажува Постолоска.
Пред голем број  посетители беа прикажани културите на 8 племиња и цивилзиции од минатото од различни континенти. Учениците самостојно ги избрале според интересниот колорит на облеката  и  начин на живеење.

Донесоа автентични и оргинални костими, беа интересни и ја покажаа нивната креативност.  
На Фестивалот на различни култури и цивилизации зедоа учество над 60 ученици од третта година, а во изработка на накиот им се приклучија и основците од исто именото училиште. Приватното средно училиште Јахја Кемал овој Фестивал го  одржува по четврти пат.    
 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top