СОУ„Нико Нестор“ домаќин на ACES Академијата

Кристина од Струга, Ивана од Земун, Србија  и Денис од Нитра, Словачка неколу дена другаруваа и работеа на проект на тема  насилството во медиумите.

 |  Валентина Неловска  | 
ess akademija
ess akademija

 

Кристина од Струга, Ивана од Земун, Србија  и Денис од Нитра, Словачка неколу дена другаруваа и работеа на проект на тема  насилството во медиумите.   Средношколците во изминативе денови меѓусебно  се дружеа и  запознаваава со земјата домаќин.
Овие ученици, заедно со голем број преставници од нивните  земји, се дел од ACES  Академијата на училиштата од централна и источна Европа. Во Академијата  членуваат 20 училишта меѓу кои е и општинското  средно училиште „Нико Нестор“. Струшкото средно училиште  за  прв пат оваа година аплицирало за проектна соработка  и станале домаќини, вели координаторот на проектот, Проф. Билјана Стојаноска Наумоска, од Нико Нестор.  

ess akademija„Главна цел на проектната соработка е да ги описмениме учениците медиумски. Но, соработката има и други цели како што е дружење и запознавање  со останатите култури“, рече  проф. Стојаноска Наумоска.

Професорката Јана Будинска од Нитра Словачка, се осврна на проектната тема, насилството во медиумите.   Будинска зборуваше за состојбите  во  медиумите во нивната земја. На секој ТВ канал во Словачка  има реалани тв шоуа, за разлика пак од  она што го видовме кај вас каде што филмовите се тесно поврзани  со политиката, истакна словачката професорка.

„Гледавме македонски филмови, неколку различни. Повеќето од нив се поврзани со политиката. Овде се е тесно поврзано со  политичката ситуација  и луѓето имаат искуство, но тоа е тешко да го  разбереме ние. Овде има различни култури  и за нашите ученици е големо искуство да знаат дека некои луѓе живеат така. Но, медиумите се демократски и се што нудат е исто“.    

Во Струга, во рамките на проектот на ACES Академијата престојуваа околу 40 деца и професори од Србија и Словачка. Секоја година во март  Академијата на европски средни училишта распишува оглас со тема за  проект на кој може да аплицираат сите училишта. Проектите траат секоја календарска година од  септември до месец март.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top