Со песна и игри одбележани деновите на македонската култура во „ Јахја Кемал“ во Струга.
Со звуците на македонска песна и игра се одбележани денови на македонската култура во приватното средно училиште „ Јахја Кемал“ во Струга. Учениците танцуваа, играа и пееа, рецитираа и глумеа одломка од драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател , стружанецот Ристо Крле. Во организација на оваа манифестација учествуваа сите ученици од 1 до 4 година, како и учениците од истоименото основно училиште.
Сергеј Миладинов ученик од 3 клас беше дел од фолклорната група која изведе сплет игри од „ Повардарка“. Миладинов е задоволен од одржувањето на овој настан.
„ Учесник сум во орото. Среќен сум што учествувам во ваква манифестација. Среќен сум и што учам во ова школо пред се затоа што е мултиетничко и секоја нација и сите луѓе имаат можност да ја изразат љубовта кон културата.“
Професорката по македонски јазик и литература Билјана Алексова е дел од наставниот кадар кој учествуваше во подготовките на програмата. Алексоска за целта на овој проект кој традиционално се одржува во училиштето рече.
„ Секоја култура да ги покаже културните цивилациски вредности има недела на турски и албански јазик. Се работи за едно мултикултурно училиште и сите ученици даваат придонес во програмата. “
Учениците од ПСУ „Јахја Кемал“ помогнале во уредување и на етно македонско катче. Со етно поставката е доловен изгледот на традиционалната македонска куќа, напоменува Алексоска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град