Славко Упевче со изложба во Вевчани.
Во Вевчани се прават завршните подоготовки за одржување на утрешниот традиционален карневал. Атмосферата во Вевчани започна да се загрева сонастапите на музичките групи Слаткаристика, Сарс и Брас Брадарс. Покрај настапот на музичките групи манифестацијата се збогатува и со две изложби. Гостите во Вевчани ќе може да погледнат две изложби икони на резбарот Александар Баткоски и слики од охридскиот академски сликар Славко Упевче. Неговите уметнички дела ќе бидат изложени во Вевчани една недела. Упевче по 3 децении повторно гостува со изложба по неговото прво претставување пред вевчанци во 1985 година.
„ Се претставив со мотиви од овој убав амбиент, убав и податен за сликање со прекрасни бои, извори и луѓе. Бев фасциниран од фасадите кои ги прават на своите куќи познатите вевчански неимари кои создаваат убави и креативни дела во Словенија, Хрватска, Црна Гора. Оваа изложба ја поделив на пола- пола, со мотиви од Вевчани и од Охрид. Јас сум охриѓанец и си го сакам градот, но наоѓам многу сличности во виртуозната архитектурата и во Охрид и во Вевчани“, напоменува Упевче.
Утревечер гостите во Вевчани покрај уживањето во карневалската поворка од василичарите со маски ќе ја дочекаат Православна Нова Година со настапот на македнските пејачи Перо Пејчиноски и неповторливите Есма Реџепова и Наум Петрески.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град