Рамиз Мерко е новиот струшки градоначалник. Неговиот противник Зијадин Села не ги признава изборните резултати, обвинува за поткуп и уцени. Мерко возвраќа кој губи има право да се лути и го повикува сите да работат заедно за подобро утре.
Нов градоначалник на Струга е Рамиз Мерко. По пребрјојувањето на гласачките ливчиња тој порача дека Струга гласала мултиетнички. Сите гласаа за подобриот, за Струга и иднината. При тоа Мерко ги отфрли обвинувањата од Зијадин Села неговиот политички противник на локалните избори.
„ Ве уверувам дека се се шпекулации од страна на противникот. Кој губи има право да се лути , но ние го повикуваме да ни се приклучи како партија и поранешен градоначалник и советничката група на Алијансата да поработиме за едно подобро утре“, повика Мерко.
Противкандидатот за градоначалник Зијадин Села кој ги загуби изборите не ги признава резултатите, обвинува за поткуп и уцени.
„Имаше уцени, поткуп на гласачите за жал тоа не се правеше само со партиски активисти туку заедно со полицијата на државата под наводници правна држава“, кажа пред новинарите Села.
Зијадин Села најави жалби до Општинската и Државната Изборна Комисија. Упати обвинување и до лидерот на СДСМ Зоран Заев дека успеaл да ја продлабочи етничката поделба во Струга . Оние кои сакаа да удрат по мојот легимитет како претседател на Алијанста за албанците ме направија уште посилен. Али Ахмети те чекам на парламентарни избори му порача на лидерот на ДУИ, Зијадин Села по завршување на вториот круг од локалните избори во Струга.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град